Достапни линкови

Лондон: Заеднички усогласено решение за името на Македонија, изјави Бакојани


Само еден пат за Македонија води кон НАТО и Европската унија, а тоа е патот на заеднички усогласеното решение за името на државата, изјави во Лондон грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани, објаснувајќи дека за Атина тоа не е емоционално прашање, туку е прашање на регионалната стабилност. Како што јави МИА, Бакојани зборувајки во Лондонска школа за економија на тема „Грција и Европа" рече дека Грција не сака прашањето да се прикрива и да се потиснува, па затоа и учествува во преговорачкиот процес што се води во обединетите Нации.
XS
SM
MD
LG