Достапни линкови

Вашингтон: Буш вети помош за Турција во борбата против курдските бунтовници


Американскиот претседател Џорџ Буш му вети на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган помош во борбата против курдските бунтовници, кои ги нарече непријатели на Турција, на слободен Ирак и на САД. На прес конференцијата во Вашингтон, по средбата со Ердоган, Буш изјави дека понудил помош во давање разузнавачки информации во борбата со припадниците на Работничаката партија на Курдистан. Американскиот претседател најави дека највисоките воени претставници на Турција и на САД ќе бидат во почести контакти за да можат да разменуваат информации за движењата на герилските групи на Курдите.
XS
SM
MD
LG