Достапни линкови

Најголеми критики за судството, јавната администрација и законодавната власт, велат владини извори


Во извештајот на Европската комисија најголеми критики за состојбите во Mакедонија има за судството, јавната администрација, се укажува на недоследности во функционирањето на власта посебно законодавната и слично. Ова го истакнаа и владини претставници кои велат дека извештајот според нив е објективен и основа за понатамошни активности. Владини извори укажуваат дека на извештајот се гледа како на уште еден исчекор кон добивање на датум за преговори. Како недоследности во работата на Собарнието се посочува четиримесечното отсуство на ДУИ, неусвојувањето на нов деловник, долгите дискусии во парламентот по прашања клучни за интегрирањето во Унијата. За јавната администрација Брисел бара надлежните во земјава да прават разлика мегу административно и политичко ниво, при што смета дека е потребно унапредување на вработувањата врз основа на објективни критериуми, како стручност. Кај судството како што информираат владини извори Европската комисија забележува за доцнењето во формирање на Судскиот совет, Управниот суд чие формирање исто така се пролонгира од предвиденото. Оттука и во оваа област се повикува да се зголеми соработката помегу надлежните во земјава за имплементација на договореното.

Според владини претставници во извештајот, во земјава има напредок во борбата против корупцијата, како пример се посочува и фактот што зголемен е бројот на постапки за корупција покренати од јавното обвинителство. Брисел во извештајотопт позитивно се осврнува на еконската област, за која констатира дека има макроекономска стабилност, дека постои широк општествен консензус за економските реформи. Но, Комисијата и во овој дел укажува дека има институционални слабости и недостатоци на правната држава кои се уште го попречуваат доброто функционирање на пазаранта економија и кои влијаат врз бизнис климата. Тука повторно проблем е судството и јавната администрација. Брисел потсетува и на големиот број на невработени.

Владини извори велат дека во извештајот за безбедносната состојба се констатира дека генерално е на задоволително ниво, и дека во него не се наведени последните случувања, инцидентот во близина на танушевци при што загина еден полицаец, пронаогањето на огромно количество на оружје во гостиварско, појавата на вооружени лица и слично. Став на претседателот Бранко Црвенковски пак е дека треба да се внимава бидејки сегашните случувања веке се следат од Унијата и ке бидат дел од следниот извештај, бидејки како како што укажува Брисел дава оценка за цела година, а не само за последните месеци пред објавување на документот.
XS
SM
MD
LG