Достапни линкови

logo-print

Денеска средба со Ердоган, в среда со Саркози, а в петок со Меркел


Американскиот претседател Џорџ Буш неделава ќе биде зафатен со состаноци на кои ќе се разговара за важни надворешно-политички прашања. Денеска во Белата куќа ќе се сретне со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, во среда со францускиот претседател Никола Сркози, а во петок и сабота на неговиот ранч во Тексас ќе му гостува германската канцеларка Ангела Меркел. Конфликтот на Турција со курдските бунтовници, НАТО, Авганистан и Иран ќе бидат темите за кои ќе се разговара на претстојните состаноци.

Нема многу што може да направи американскиот претседател Џорџ Буш за да ја заштити Турција да спроведе инвазија во северен Ирак против курдските бунтовници или Курдската Работничка партија во северен Ирак смета политичкиот аналитичар Тед Карпентер. Најдоброто на што Буш може да се надева, вели тој е Турција да изведе ограничена инвазија. Сепак, се зависи од тоа дали можат Курдите одредена инвазија да ја сметаат за ограничена.

„Мислам дека ова е непознатиот квантитет во овие калкулации. Што ќе направи регионалната курдска влада во Ирак? Што ќе направат курдските бунтовници? Ќе дозволат ли тие Турција да спроведе разумно ограничени операции или ќе се судрат со турските сили? Јас мислам дека колку подлабоко навлезат турските сили во северен Ирак и колку подолго останат таму, толку поголема е опасноста од судири со курдската влада и нејзините воени сили.“

Сепак Карпентер смета дека единствениот начин на кој Буш може да да постигне влијание над Турција е преку Франција, односно да го убеди Саркози да го прекине или барем олесни неговото противење за влез на Турција во Европската Унија. Но како што се очекува Буш и Саркози ќе разговараат за НАТО. Пред четириесет години Франција се повлече од алијансата, па според Карпентер, Буш ќе се обиде да го убеди Саркози, Франција повторно да се приклучи.

„Примарната тема во агендата на Буш со Саркози ќе биде повторно приклучување на Франција во воената мисија на НАТО и зголемување на бројот на француски трупи во Авганистан.“

Најверојатно и Меркел нема да се согласи со зголемување на германското присуство во Авганистан, бидејќи германскиот народ се противи на тоа.
Карпентер смета дека посетата на Меркел ќе и помогне да ја зајакне позицијата врз Германската социјал-демократска партија која ужива зголемено влијание во Германија. Тоа што најмалку го сака Буш е доминантна позиција на Социјал-демократите во владата или нови избори што можат да доведат до коалициска влада на СДП и партијата на зелените.
„Мислам дека од неа ќе бара обврска за поголема поддршка на американските санкции против Иран. Германија се двоумеше околу оваа мерка, делумно поради нејзините инвестиции во Иран. Но јасно е дека Вашингтон бара поголема соработка од Берлин околу ова прашање.“

Карпентер очекува скромен прогрес од овие три состаноци. Тој истакнува дека американскиот претседател Буш има статус на претседател на кој му останува помалку од една година во канцеларија и чиво влијание врз светските проблемисе намалува. Наспроти тоа, Саркози ужива во својот мандат во Франција, Ердоган е популарен дома, а Меркел иако не е толку популарна во Германија како што порано беше, сепак ужива поголема поддршка во својата земја, отколку Буш во Соединетите Држави.
XS
SM
MD
LG