Достапни линкови

Зацврстувањето на плурализмот во муслиманските земји - надеж за зауздување на радикалните исламисти


Што не обединува и што не раздвојува? Тоа беше темата на форумот што се одржа во Радио Слободна Европа, а на кој учествуваа познати експерти и претставници на граѓански здруженија од исламскиот свет, Европа и Соединетите Држави. Во дискусиите една идеја беше заедничко прифатена. Зацврстувањето на плурализмот во муслиманските земји нуди надеж за зауздување на радикалните исламистиички партии. Тоа пак, би можело да биде мост за денешната поделеност меѓу Истокот и Западот.

Често пати тензиите меѓу западниот и исламскиот свет во медиумите се претставени како верски. Поделбите можат да се движат од например протестите во Брисел против опасносто присвојување на исламските вредности во Европа до протестите на Блискиот Исток против, како што велат, навредите на западните вести спрема Пророкот Мухамед. Но, некои посматрачи велат дека притоа се заборава еден многу важен факт. А тој е дека тензиите меѓу Запад и Исток се почести околу политичките отколку околу верските вредности.

„Можеби не вредностите, туку политиката е тоа што раздвојува. Во исламскиот свет има многу идеи за заговор на Западот спрема исламот. Од друга страна, луѓето на Запад сметаат дека муслиманите се против вредностите на западната цивилизација.“

Вели Мустафа Акијол, од турскиот весник Дејли Њуз. Мајкл Рубин од Вашингтон пак, вели дека разликите меѓу религијата и политиката станаа поразбирливи по терористичките напади врз Соединетите држави пред шест години и покрај тоа што екстремистите говорат во името на верата.

„Во Соединетите Држави често пати експертите и теологистите прават разлика меѓу исламот и исламистите. Исламот е религија. Исламизмот е политича идеологија.“

Вели Рубин. Повеќе експерти сметаат дека сфаќањето на Ал Каида како радикална исламистичка група со јасна политичка агенда, создавање калифат со влада составена од сунитски теократи ќе помогне во контра аргументите на ставовите дека во светот сега се води битка межу цивилизациите. Тоа ќе доведе и до идентификување на политичките решенија за денешните кризи во светот. Акијол верува дека политичките решенија можат да бидат најдени со вклучување на политичките партии со религиозен предзнак во плуралистичките форми на владеење. Притоа тој како пример ја посочува неговата татковина.

„Турција доби многу од слободниот пазар и од демократизацијата. Кога ќе сфатите дека демократијата може да ви даде слобода, да ви даде и верска слобода, вие нема да сте против неа.“

И Рубин е на став дека со зацврстувањето на демократијата може да се намалат тензиите на релација Запад Исток. Според него тоа може да се постигне само доколку Западот ги поддржува промените на Истокот во таа насока.
XS
SM
MD
LG