Достапни линкови

Техеран: Денеска анти американски протести


Во Иран денеска се одржуваат анти-американски протести во знак на одбележување на 28 годишнината од окупацијата на американската амбасада во Техеран, како и денот на национално спротиставување против светскиот империјализам. Во ноември во 1979 година иранските студенти ја окупираа амбасадата поради тоа што Вашингтон дозволи иранскиот шах да се лекува во Соединетите Држави. 53 американски дипломати и чувари беа држени во заложништво повеќе од една година. Оттогаш двете земји се во постојана конфронтација. Вашингтон тврди дека Иран прозведува нуклеарно оружје, а Техеран дека Соединетите Држави се непријатели на исламот и на муслиманите.
XS
SM
MD
LG