Достапни линкови

Одлуката на Уставниот суд ја проширува употребата на знамињата


Одлуката на Уставниот суд ја проширува употребата на знамињата и тоа право им го дава на припадниците на сите заедници, а не како досега само на онаа која е мнозинство. Ограничувањата се во некои случаи како пречек на претседател на државава, Собранието, Владата, при меѓународни средби, на државни органи и слично, објаснуваа денеска судиите од уставниот суд.

„Споровите и се мнозинство во таа единица на локалната самоуправа и на зборот постојана велиме дека се истакнати знамињата, сегашно, несвршено време, истакнати се, тие стојат, меѓутоа не на една заедница, истакнати се знамињата на сите припадници на заедниците. Уставниот суд тргна од примена на начелото на недискриминација, вклопено во членот 9 од Уставот,“

рече Мираја Лазарова Трајковска која е известител за овој предмет. Судиите велат дека одлуката не значи дека знамињата треба да симнат, туку дека во иднина треба да се прецизира кога да се употребуваат. Тие сметаат дека во текот на нивната работа не треба да ги ценат политичките околности во земјата за да усвојуваат или не одлуки.

„Нас не не интересираат политички сценарија, воопшто не не интересираат, а дали некој во тоа гледа или бара политички сценарија нека им е на чест. Уставниот суд со тоа не сака да се занимава,“

изјави претседателот на Судот Трендафил Ивановски кој пак рече дека одлуката ја потпишал судијата Бранко Наумовски бидејќи претходниот претседател Махмут Јусуфи го повлекол својот потпис, а по азбучен ред и согласно воспоставената пракса следел Наумовски.

Ивановски со коментар и за оставките на двајцата судии од албанска националност

„Лично мислам дека колегите погрешија. Инструментот на издвоено мислење во работата и одлучувањето на Уставниот суд е вграден во работата негова. Чинот на издвојувањето на мислењето дава секаква можност да се укаже на ставот на соодветниот судија и да го заштити својот дигнитет,“

Според претседателот на Судот не треба да се воведува бадентеровото право при одлучување во оваа институција, што пак беше барано од Јусуфи и Бајрам Положани кои веке не се дел од овој суд

„Принципот на идлучување на заедниците коишто не се мнозинство, во Уставен суд, во егзекутивата во судството, нема место,“

изјави Ивановски.
XS
SM
MD
LG