Достапни линкови

Лондон: Петте постојани членки на Советот за безбедност разгледуваат санкции против Иран


Петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите Нации и Германија денеска во Лондон ќе ја разгледаат можноста од воведување дополнителни санкции против Иран поради нејзината нукеларна програма. Станува збор за трета група санкции, бидејќи Техеран и натаму одбива да го прекине процесот за збогатување ураниум и ги негира наводите на Запад дека сака да дојде до атомска бомба. Американскиот државен секретар Николас Бернс пред состанокот изрази надеж дека Русија и Кина, главните трговски партнери на Иран, нема повторно да ги блокираат дополнителните санкции.
XS
SM
MD
LG