Достапни линкови

Вашингтон: САД, Турција и Ирак ќе работат заедно против курдските бунтовници


Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс денеска изјави дека Соединетите Држави, Турција и Ирак ќе работат заедно во борбата против курдските бунтовници кои од ирачка територија вршат напади врз Турција. Рајс, на патот за Истамбул каде што се одржува дводневна конференција за Ирак, оцени дека Работничката партија на Курдистан е заеднички непријател на трите земји и оти е можно Соединетите држави да воведат санкции против неа.
XS
SM
MD
LG