Достапни линкови

Сараево: САД ги повикаа страните вклучени во најновата криза во Босна да прекинат со вербални напади


Соединетите држави ги повикаа страните вклучени во најновата криза во Босна да ги прекинат вербални напади врз високиот претставник на меѓународната заедница Мирослав Лајчак, изјави синоќа портпаролот на американскиот Стејт департмент, Шон Меккормак.
По вчерашната оставка на премиерот на Босна Никола Шпириќ иницирана од указот на Лајчак за промена на начинот на носење на одлуки во рамките на Советот на министри, српскиот премиер Воислав Коштуница изјави дека Лајчак бил одговорен за настанатата криза и оти би требало да поднесе оставка.
XS
SM
MD
LG