Достапни линкови

Единствен проблем, зајдисонцето не смее да ве затекне на пат


Автомобилите што работат на сончева енергија стануваат се побрзи и поефикасни, покажа неодамнешниот тркачки маратон за предизвиците на сончевата енергија. Современите автомобили кои користат сончевата енергија можат да се движат со брзина од 130 километри на час, а наликуваат на убавите спортски автомобили. Но, пред да се одлучите да купите таков автомобил треба да внимавате да стигнете дома набргу по зајдисонцето.

Светскиот натпревар за предизвивите на сончевата енергија 2007, е основан од данскиот авантурист Ханс Торструп, кој го дизајнираше првиот автомобил кој се движи на сончева енергија. Ова трка се одржа по 20 пат, па се подразбира дека дизајнот на овие уникатни автомобили напреднувал со текот на годините.
Сега најновите модели се мазни и модернизирани, со илјадници батерии вградени во целосниот дизајн. Секој квадратен метар од површината на автомобилот е покриен со мали батерии кои ја претвораат сончевата енергија во електрична од која се напојува електричниот мотор што ги движи тркалата.
Но за да се победи на трката потребно е повеќе од брзина. Потребни се тактики.
Ако денот е облачен тогаш има намалена енергија во батериите, затоа е потребно да не се трошат резервите енергија во батериите кога има доволно сончева енергија. И бидејќи тие неможат да се движат во текот на ноќта, потребно е да застане покрај патот и да се почека изгрејсонцето. Иако се смета дека овие автомобили помагаат во борбата против загадувањето на животната средина и климатските промени, сепак британскиот консултатнт во автомобилската индустрија Марк Бурса се сомнева за транспортната технологија што ја користи сончевата енергија.

„Таа нема голема корист за реалниот свет, кадешто ви треба големо возило да ги пренесува луѓето насекаде и навистина не постои начин да се направи практичен автомобилот што ја користи енергијата.“

Со цел да одговорат на таквите критики и да ги стимулираат идните истражувања и развој, организаторите на трката поставија нова цел на годинашниот настан. Да се изгради нова генерација на автомобили кои ја користат сончевата енергија, а кои можат да послужат за основа на практичен и одржлив транспорт. Тоа би значело напредок во ефикасноста на батериите кои денеска претвораат најмногу 20 проценти од сончевата енергија во корисна електрична енергија. Исто така практичниот автомобил кој денеска тежи минимално, треба да биде потежок и да користи повеќе енергија. Тоа подразбира многу поефикасен батериски систем за складирање на енергијата. Аналитичарот Бурса смета дека наместо да се фокусираме на како што вели, научната фантастика, треба да се направат префинети промени во постоечката технологија.

„Многу поважни активности се спроведени од луѓето на Фиат, кои развија многу моќно, но прилично мало семејство на мотори кои ќе преизвикаат големо намалување на емисииите на јаглерод диоксид.“

Еден од перспективните начини практично да се искористи сончевата енергија е таа да се инсталира во хибридно возило. Тоа би содржело мотор кој работи на сончева енергија комбинирано со машина која кристи бензин, која ќе се уклучува тогаш кога електричната енергија почнува да опаѓа. Во идеален случај таквите возлила би ги намалиле емисиите на јаглерод диоксид најмалку за 50 проценти.
XS
SM
MD
LG