Достапни линкови

Транс – атланските односи во криза


Транс – атланските релации се во криза, не за фундаментални прашања, туку за начините на решавање на кризите во Ирак и во Авганистан. Ова е заклучокот од меѓународната конференција во Прага, што се одржа во организација на фондацијата Конрад Аденауер, Американскиот Центар и Чешкиот институт за Европска политика.

Ирак, Иран и Авганистан најдобро ги покажуваат разликите меѓу Европската Унија и Соединетите Држави. Глобалните стратегии на Унијата и на Соединетите Држави се укажуваат на исти закани и на исти вредности. Разликите се појавуваат кога треба да се реши одреден проблем. Повеќето европејци ја подржуваат политика на издвојување повеќе пари за хуманитарна помош, а само 20 насто се согласуваат со испраќање трупи за решавање на некои проблеми. Од друга страна, 60 насто американци подржуваат употреба на сила, доколку е неопходно. Конкретно за Иран, 47 насто европејци се за дипломатски притисок, додека 47 насто американци сметаат дека воената опција не треба да се исклучи. Север Војнеску од институтот за јавна политика во Будимпешта го наведува и примерот со Авганистан. На хартија, сите НАТО членки ја подржуваат мисијата во Авганистан, но не наоѓаат ресурси за исполнување на обврските. Некои земји, како Канада и Данска дури најавуваат повлекување на своите сили од таа земја. Војнеску потенцира дека војните се добиваат или губат дома, односно кога јавноста не ја подржува мисијата, таа е осудена на пропаст. Уште полошо е во врска со Ирак, каде што уште од почетокот на воената интервенција имаше несогласувања меѓу НАТО партнерите, кои сеуште не се надминати.

„За транс-атланските релации, Ирак имаше ефект на силен земјотрес.“

Вели Војнеску. На сличен став е и Симон Хендерсон од Вашингтонскиот институт за блиско-источна политика.

„Јас нема да ги опишам Ирак и Авганистан како промашувања, туку како континуирани предизвици.“

Инаку, учесниците на конференцијата во Прага нагласија дека Ирак, Иран, и Авганистан не се единствените предизвици со кои се соочува Западот. Хендерсон нагласи дека се поголема закана за Транс-атланските релации се и растечките руски амбиции за вршење влијание во поранешните советски републики како и политиката на Москва која се противи на речиси сите инцијативи од Запаот.
XS
SM
MD
LG