Достапни линкови

Ефектите не треба да се очекуваат на краток рок


Една година по почетокот на иницијативата за промовирање на Македонија за привлекување странски инвестиции, во своите анализи дел од економистите сметаат дека е логично ефектите од преземените мерки да не се очекуваат на краток рок, додека други велат дека не може да се игнорираат причините кои ја доведуваат земјава во инфериорна позиција пред странските инвеститори, како што се политичките и административните бариери.

„Ефектите од мерките коишто ги презема владата, треба да да се очекуваат по извесно време. Тие не реагираат веднаш кога ќе намалите даноци да дојдат тука, тие го планираат пазарот и средствата однапред. Има и голем број факти што претходно треба да ги анализираат за да може да пристапат.“

„Но, колку и да се развлекува тој процес, она што како практични чекори го прави владеачкото мнозинство, се лоша порака. Не може така, тој што дава пари сака да види стабилност. Практично имаме ние апстиненција на странските инвеститори.“

Димитар Ефтимовски, од факултетот за администрација и менаџмент наведува дека од првиот контакт со потенцијалните инвеститори до конечната одлука да се инвестира на краток рок би можело да се очекува за две до три години. Професорот Христ Карталов пак укажува дека големината на странските инвестиции зависи директно од реформите што се спроведуваат во земјата:

„Можеме да оцениме дека нешто се правеше. Но, она што се праќаше понатаму како порака од државата, секако не оди во прилог. Прво, тензиите што меѓу опозицијата ги предизвикуваа секој на свој начин. Втората е со ТЕЦ Неготино. Тоа се несоодветни нешта.“

Владата пак останува на определеноста да продолжи со дирекните средби со стопанствениците и престојувањата во странство. Годинава според проценките на Министерството за финансии странски директни инвеститори во земјава вложиле 150 милиони евра. Јавноста прифаќа дека покрај чисто економските мерки владата треба да преземе и други мерки како во делот на институционалната економија:

„Сепак, една година помина, треба време сигурност, ќе видиме како ќе се одвива.“
„Инвеститор пред да инвестира гледа дали може да си го оплоди својот капитал, ако ние тоа не можеме, зошто тој да верува дека може?“
XS
SM
MD
LG