Достапни линкови

Њујорк: Денеска нова рунда македонско-грчки преговори за разликите околу името


Во Њуjорк почнуваат нови македонско - грчки разговори за разликите во врска со употребата на устaвното име на Македонија, што под покровителство на Обединетите нации со посредникот Метју Нимиц, ќе ги водат Димитров и Василакис. Двојната формула е позицијата со која ќе настапи македонскиот преговарач Димитров. Атина, како што јавија грчките медиуми ќе се обиде да наметне сложено име за земјава во кое би стоел и зборот Македонија. На неодамнешните консултации на државниот врв беше заклучено дека Македонија не може да отстапи од уставното име.
XS
SM
MD
LG