Достапни линкови

Поединци и групи од криминален карактер делуваат во т.н. кризни региони


Безбедносната состојба во земјата е стабилна и мирна, со одредени предизвици во контекст на регионалните случувања, се информира во соопштенијата од Кабинетот на Претседателот и Владата по три и пол часа заседавање на Советот за безбедност. По средбата претседателот Бранко Црвенковски истакна дека во последно време поединци и групи од криминален карактер делуваат во т.н. кризни региони поради што е потребно во наредниот период безбедносните служби да бидат присутни на теренот:

„Според информациите од МВР во овој момент не постојат индикации или докази кои можат да ги поврзат меѓусебе тие групи или да доведат до заклучок дека се работи за некаква заедничка политичка платформа, од било кој карактер. Меѓутоа исто така не се потценува ризикот дека е можно во наредниот период од некого да се направат обиди за инструментализирање во политички смисол на зборот на овие структури и токму затоа Советот за безбедност заклучи дека безбедносните структури на нашата држава и во наредниот период треба ревносно и ажурирано да бидат присутни на теренот благовремено и превентивно да делуваат, а се со цел да се се оневозможи повторување на тие инциденти или евентулано радикализација на состојбите на теренот.“

Информираше Претседателот Црвенковски додавајќи дека освен присуството на безбедносните служби и политичките претставници ќе бидат присутни во т.н. кризни региони:

„И политичките субјкти, мислам на политичките партии и другите институции во Македонија преку свои претставници да бидат прустни меѓу локалното население во овие региони со цел низ една политичка активност да се оневозможат поединци или можеби структури кои што би сакале или може да се обидат да го манипулираат расположението на локалното население.“

Заради безбедносната ситуација на средбата Советот за безбедност исто така донел заклучок за почесто заседавање, за блоговремена проценка на состојбите и насочување на активностите. Во изминативе денови во Танушевци загина еден припадник на полицијата, а беше пронајдено и поголемо количество оружје. На средбата на Советот за безбедност присуствуваа сите членови освен министерот за одбрана Лазар Еленовски кој е во посета на Канада.
XS
SM
MD
LG