Достапни линкови

Уставниот суд во криза, оценуваат експертите


По одлуката на Уставниот суд за ограничување на употребата на знамињата на заедниците и оставките на претседателот на судот Махмут Јусуфи и членот бајрам Положани правните експерти оценуваат дека оваа институција влегува во криза

„Не само поради критиките од страна, туку поради тоа што интегритетот на судот е нарушен од внатре поради оставките на претседателот на судот,“

изјави Владо Поповски професор на правниот факултет во скопје кој укажува дека и покрај тоа одлуките мора да се почитуваат. Судот може да одлучува и во ваков состав, но да се надмине оваа ситуација колку што е можно професорот порачува:

„Би требало по мое мислење што побрзо да се пристапи кон избор на двајца судии на Уставниот суд, тој да се комплетира и барем од тој аспект да нема приговори врз неговата работа.“

Инаку судот освен без овие двајца членови останува и без Мирјана лазарова Трајковска избрана за судија во Европскиот суд за човекови права во стразбур.

Оставките на судиите за некои експерти се резултат на политичкото влијание

„Со ваков чин тие само покажуваат дека се или политички именувани, не затоа што заслужуваат да бидат судии на уставниот суд, тулу дека се блиски на некоја политичка групација, затоа што само таа може да врши притисок, затоа што ако некој им се заканувал, претпоставувам ќе најдат храброст јавно да кажат кој,“

Изјави Јован Донев професор ан Филозовскиот факултет.

За разлика од него Јетон Шасивари професор по уставно право на Штуловиот универзитет смета дека оставките се должат на политичката одлука на Уставниот суд, а не на политички притисок од партиите

„Не може тоа да се толкува како влијание од албанските политички партии,“

вели Шасивари.

Судиите кои поднесоа оставка објаснуваат дека тоа го прават поради фактот што одлуката со која ограничува употребата на албанското знаме требало да се донесе со бадентеров принцип и дека поради неупотребата на ова правило дошло до мајоризација. Правните експерти објаснуваат дека не може да се зборува за мајоризација бидејки постапката за носење одлуки во Уставниот суд не подразбира и користење на бадентеровото правило

„Јасно е дека одлуките се носат со мнозинство гласови од вкупниот број на судиите, така што таквиот Бадинтеров принцип не постои,“

вели Каракамишева.

Шасивари смета дека Судот требало да ги има во предвид околностите на носење на законот или дека тој е усвоен со двојно мнозинство, па оттука тоа да се примени и од уставните судии

„Од правен аспект, Бадинтеровото мнозинство во фунцкионирањето на уставниот суд не е предвидено, но од политички аспект би требало да се води сметка за начинот на кој е донесен овој закон.“
XS
SM
MD
LG