Достапни линкови

Техеран: Средба Лавров-Ахмадинеџад за иранската нуклеарна програма


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров за време на денешниот престој во Техеран ќе разговара со иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад за нуклеарната програма на таа земја. До оваа посета доаѓа една недела откако претседателот Владимир Путин ги критикуваше новите американски санкции против Иран поради тоа што не се откажува од намерата да развие нукеларна програма. Иран вели дека програмата која се спроведува со помош на Русија ќе биде искористена за мирновременски цели.
XS
SM
MD
LG