Достапни линкови

logo-print

Кабул: ОН ги повика талибанците да престанат со нападите врз конвоите со храна


Обединетите Нации ги повикаа Талибанците да престанат со нападите врз конвоите со храна наменети за авганистанците. Том Кенингс, шеф на мисијата за помош на Обединетите Нации во Авганистан изјави дека 34 работници на светската организација годинава ги загубиле животите во Авганистан. Според Кенингс одговорните за нападите му наштетуваат на најранливиот дел од населението во Авганистан.
XS
SM
MD
LG