Достапни линкови

Бакуба: Пронајдени најмалку 30 обезглавени тела


Најмалку 30 обезглавени тела се пронајдени во ирачкиот град Бакуба, североисточно од Багдад. До најновиот случај доаѓа само неколку часа откако бомбаш самоубиец уби 30 ирачки полицајци во близина на тренинг центар северно од ирачкиот главен град. Во меѓувреме, ирачките безбедносни сили ја преземаа контролата врз провинцијата Карбала, во која се наоѓа еден од најсветите градови на Шиитите. Американските сили до сега ги предадоа безбедносните одговорности во четири од 18-те ирачки провинции.
XS
SM
MD
LG