Достапни линкови

Македонската полиција без одговор за тоа дали има и кои се униформираните лица во земјава


Министертвото за внатрешни работи во текот на денешнот ден ќе почне со истрагата за случајот со работниците од ЕВН ЕСМ кои тврдат дека во четртокот во околината на шарплансиките села Бродец, Вешала и Бозвце биле киднапирани па потоа ослободени од страна на вооружени лица:

„Сепак, зачудува фактот зошто работниците не пријавија уште во четвртокот кога се случил инцидентот. Напротив, за настанот МВР разбра во петокот откако веќе беше објавено по медиумите,“

вели портпаролот Иво Котевски.Тој не одговори конкретно на прашањето дали се вистинити наводите на киднапираните дека во регионот има вооружени униформирани лица.

„МВР редовно ја следи состојбата и разменува секојдневно информации со институциите во државата задолжени за следење на безбедносната состојба.“

Пратеникот од ДПА во македонското собрание од тетовско Ружди Матоши вели дека лицата кои што во јавноста се наведуваат како униформирани се малку и и се позанти на полцијата како криминалци.

„Јас мислам дека сите граѓани ги знаат тие лица, кои се, едниот се знае со име и презиме и се знае зошто бега од правдата, а има и два тројца други и мислам дека сето ова ќе биде решено.“

Инаку во текот на вчерашниот ден Министертвто за внатрешни работи во заедничка акција со граничната полиција во Гостивасрко во кука во селото Бибаљ откри гоелемо количество оружје.Портаптолот Котески вели дека сеуште незнаат за каде било намето оружјето

„Поради основано сомневање за организирање шверц со оружје и воена муниција, во Секторот за внатрешни работи Гостивар беа приведени седум лица кои во текот на денешниот ден со кривична пријава ќе бидат изведени пред надлежното обвинителство и суд.“

Градоначалникот на Гостивар Невзат Бејта пак тврди дека состојбата во неговата оптина е мирна но како што вели не благодадрение на полицијата туку на граганите

„Во Гостивар е мирно, само тоа е од страна на граѓаните, а полицијата не функционира никако,“

вели Бејат и потенцира дека иако во сооптението на минситертвот се наведува дека оружјето е откриено во гостиварски тоа се случило во општината Маврово Ростуше.
XS
SM
MD
LG