Достапни линкови

Американскиот генерал Даглас Ерхард вели дека американските војници остануваат на Косово


Американските сили во рамките на меѓународните мировни сили и натаму ќе останат на Косово, вели американскиот генерал Даглас Ерхард. Тој, деновиве во Приштина прецизира дека нема никакви наредби за повлекување на војниците.

Командантот на Мултинационалните сили Исток, американскиот генерал Даглас Ерхард ги демантира наводите дека Вашингтон се подготвувал за повлекување на американските војници од Косово.

„Ние немаме наредба за повлекување. Ова прашање треба да му се потави на Пентагон. Јас тука сум само осми командант на американските сили кои се на Косово и за сега нема наредби за повлекување. Мојот наследник, деветиот командант на американските сили е тука, а знам дека веќе е избран и десетиот командат.“

Изјави генерал Ерхард на кој наскоро му истекува мандатот. Пред неколку дена портпаролот на Пентагон Џеф Морели рече дека американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс ја разгледувал можноста од поместување на американските сили од Косово за Авганистан. Тоа, како што беше објаснето, би се случило доколку членките на НАТО не обезбедат доволен број војници во Авганистан. Генерал Ерхард оцени дека независно од тоа што на Косово паралелно се одвиваат два процеса, преговори за статусот и избори, безбедносната ситуација е поволна.

„Мислам дека безбедносната ситуација е добра, бидејќи луѓето сакаат таа да биде добра. Мнозинството граѓани сакаат сигурно косово и јас сум многу охрабран поради тоа. Луѓето тука го почитуваат законот и тоа е позитивно. Мојот наследник е тука и Соединетите Држави се определни за Косово.“

Вели генерал Ерхард, кој исто така смета дека нема да има ни зголемување на американските сили на Ксоово.

„Нема да има дополнителни сили. Од перспектива на американската војска, бројот на војниците ќе остане ист.“

На Косово во моментов има околу шеснаесет илјади припадници на меѓународните мировни сили и засега нема ни други навестувања за нивно зголемување или намалување.
XS
SM
MD
LG