Достапни линкови

ВМРО ДПМНЕ без став дали ќе го подржи членот за Судскиот совет предложен од од Црвенковски


На речиси една недела пред објавувањето на извештајот на Европската комисија сеуште е неизвесно дали ќе се исполнат клучните обврски, комплетирање на Судскиот совет и постигнување на договор за правната рамка за Јавното обвинителство. Во Судскиот совет останува да се избере уште еден член на предлог на претседателот Црвенковски кој го предложи истражниот судија од скопскиот Кривичен Суд Насер Хаџиахметагиќ. Можна е повторна блокада, велат од СДСМ бидејки на минатата седница не беше избран вториот предлог на претседателот со образложение од ВМРО-ДПМНЕ дека не гласа бидејќи претседателот требало од двајцата да кандидира само еден припадник од заедниците, по што беше избран само Ментор Ќоку, но не и Абдулселам Канзоски. Сега кандидатот е бошњак.

„Овде ВМРО-ДПМНЕ не врши правно толкување на Уставот, туку врши политичко толкување за дневно политички настан за да има влијание во Судскиот совет. Јас очекувам дека овој пат ќе се надмине и ќе покаже гласајќи за предлогот на претседателот дека навистина е за независен Судски совет.“

Изјави Цветанка Иванова од СДСМ
Во ВМРО-ДПМНЕ чии гласови се клучни сеуште нема став, велат ќе одлучат дали ќе гласаат непосредно пред седицата кога ќе треба да се гласа:

„Навистина сме изненадени од постапката на г-динот Црвенковски.“

Рече Силвана Бонева.
Од НСДП која е дел од владеачката коалицијата велат дека како и минатиот пат, така и сега ке го поддржат предлогот на претседателот. Иван Анастасовски од оваа пратија вели:

„Нашиот став е дека тоа е негото Уставно право и ние тука неможеме ништо да промениме. Значи принципилено, ние во два наврати гласавме за предлогот на г-динот Црвенковски.“

Ермира Мехмети од ДУИ потсетува дека минатиот пат пратениците не присуствуваа на седницата бидејки бараат прво одговор за инцидентите во Собранието од 25 септември за кои сеуште нема одговор од надлежната комисија. Сеуште немаме став, но не е ни важно дали ке присуствуваме вели Мехмети и додава:

„Се покажува дека нашето присуство, или не присуство апсолутно не е важно за владеачкото мнозинство кое што го искомпромитира духот, смислата на Бадентеровиот принцип преку пазарањето со помалите етнички заедници токму заради контрола на Бадентеровиот принцип.“

Од оваа партија пак го доставија барањето до премиерот кое е услов за поддршка на законите за јавното обвинителство, а тоа е назначувањето и разрешувањето на јавните обвинители да се врши спотред бадентеровиот принцип.
XS
SM
MD
LG