Достапни линкови

Калифорнија: Пожарите ставени под контрола


Пожарникарите во Калифорнија успеаја да ги стават под контрола повеќето пожари кои во текот на неделава ја зафатија оваа американска држава. Сепак, според последните податоци, огнената стихија се заканува на околу 20 000 куќи. Студеното време и намалената брзина на ветровите им помогнале на пожарникарските екипи да совладаат повеќе од 20 пожари во кои седум лица загинаа, 500 000 луѓе се евакуирани, а 1800 куќи се целосно уништетни.
XS
SM
MD
LG