Достапни линкови

Техеран: Ахмадинеџат поддржува воена операција против курдските бунтовници


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат изјавил дека ја поддржува воената операција против курдските бунтовници во северен Ирак но сепак повеќе посакува мирно решавање на кризата. Ова како што соопшти кабинетот на ирачкиот премиер Нури Ал Малики Ахмадинеџат го изјавил во телефонски разговор со премиерот Малики. Двајцата се согласиле дека терористичките активности на курдската работничка партија им штетат на Ирак, Турција и Иран. Во меѓувреме Турција ги зајакна своите сили долж границата и се заканува со воена инвазија на Ирак. Лидерот на Курдската работничка партија во Ирак изјави дека нема да и предаде на Турција ниту еден свој член.
XS
SM
MD
LG