Достапни линкови

Охрид: Усвоена Декларација за унапредување на меѓуверскиот дијалог


Учесниците на Светската конференција за мегурелигиски и мегуцивилизациски дијалог во Охрид денеска усвоија Декларација за унапредување на меѓуверскиот дијалог, разбирање и заедништво. Со Декларацијата се осудуваат сите форми на верско насилство и нетолеранција, злоупотребата на верата, како и на сите видови на дискриминација и делување кои го понижуваат достоинството на човекот. Во изминатите два дена 300 учесници на конференцијата меѓу кои 200 претставници на религиозни групи и заедници говореа на теми „Религијата и образованието и нивната улога во трансформацијата на општеството“ како и „Придонесот на заедничките вредности на различните култури и религии за иднината на човештвото“.
XS
SM
MD
LG