Достапни линкови

Цените на мобилните оператори убави на реклама, во реалноста многу повисоки


Скопјанката Анета која веке неколку години е корисник на еден од нашите мобилни оператори вели дека цените на услугите кои ги нудат операторите во рекламните пораки во реалноста се многу повисоки.

„Услугите на мобилните оператори не се како што кажуваат. Кажуваат една цена, а потоа излегува дена цените се дупло повисоки.“

Причина за ова незадоволство кое се јавува кај граѓаните,според Татјана Тасевска,правен советник во Организџацијата на потрошувачи е не вклучувањето на ДДВ во цените на услугите кога се рекламираат,односно како што вели Тасевска и во случаи кога цената на услугата е со пресметан ДДВ се наога најдоле на рекламниот спот.

„Цените кои ги истакнуваат се формирани без ДДВ, а знаеме дека тоа не е законски. Од друга страна не се почитуваат ниту сите услови дадени во Законот за потрошувачите, односно да на потрошувачите им бидат кажани сите информации кои им се потребни да се одлучат дали да земат еден пакет или не.“

Но од мобилните оператори не се согласуваат со ова незадоволство на граѓаните.

„Тоа е пракса не само тука, туку и во другите земји. Ние секогаш се трудиме да ги доставиме сите информации и претполатниците може да дојдат до нив, затоа што таа оди во повеќе медиуми за тој да види што треба да плати. Мислам дека се што е потребно го даваме на нашиот претплатник,“

објаснува Емилија Трајкович Христова од Космофон

Од Советот за радио дифузија пак велат дека доколку навистина постојат лажни рекламни спотови,ке покренат иницијатива за нивно санкционирање.

„Лажната реклама секаде се санкционира и сметам дека и кај нас треба да се санкционира. Советот наскоро ќе потегне иницијатива за поблиска соработка со Советот на потрошувачки за спречување на вакви работи,“

објаснува Мирче Адамчевски претседател на Советот.
XS
SM
MD
LG