Достапни линкови

Промена на гласањето при донесување одлуки во БИХ за укинување на Република Српска


Српскиот премиер Воислав Коштуница деновиве оцени дека целта на новите мерки што ги предложи високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина Мирослав Лајчак за промена на гласањето при донесувањето одлуки е укинување на Република Српска. Коштуница и на став дека единствена намера на на планот на Марти Ахтисари е еднострано прогласување на независноста на Косово. Дел од аналитичарите во Белград не се согласуваат со тоа.

Премиерот Воислав Коштуница вели дека Србија како потписничка на Дејтонскиот договор ќе му ја даде сета поддршка на премиерот на Република Српска Милорад Додик да ја зачува положбата на српскиот ентитет и оти тоа сега е една од најважните цели на националната политика. Претседателот на Центарот за проучување на политичките алтерантиви Милан Николиќ смета дека ваквата реакција на Коштуница била поради неговото страхување да не биде одбележан како српски лидер во времето кога Србија ќе остане оштетена на два фронта: на Косово и во Босна.

„Тоа значи дека неговата тенденција е што потврдо да го постави својот став во врска со опстанокот на Република Српска, а се во страхување дека Косово ќе си замине.“

Вели Николиќ, додавајќи дека е можно Коштуница да се определи да влезе во коалиција со радикалите за да се бори за враќање на Косово. Јелена Милиќ од Форумот за меѓународни односи оценува дека реакцијата на српскиот премиер на потезите на европскиот администратор во Босна Лајчак, како и неговото споредување со Ахтисари уште еднаш покажува дека станува збор за долгорочна стратегија на партијата на Коштуница за приспојување на српскиот ентитет во Босна кон Србија.

„Веќе подолго време имам впечаток дека не е е во прашање битка за Косово, туку дека се води битка за Република Српска и оти се работи за долгорочна стратегија за заокружување на големосрпското прашање и за поделба на Босна.“

Оценува Милиќ која смета дека на последните мерки на евроадминистраторот Лајчак им недостигаат појасна европска перспектива и прецизен тајминг за земјите од Западен Балкан.

„Самите мерки на Лајќак ќе висат во воздух и нема да имаат ефект доколку Европската Унија не излезе со поконкретни и временски дефинирани механизми за придружување на Босна и Херцеговина, Србија и Косово кон Унијата.“

Заклучува Јелена Милиќ од Форумот за меѓународни односи.
XS
SM
MD
LG