Достапни линкови

Околу 200 учесници дебатираат за придонесот на религијата и културата за мирот


Обновувањето на взаемната доверба, враќањето кон традиционалните вредности, воспоставувањето на меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог да помогнат светот да се ослободи од предрасудите, подвоеноста и заблудите преку посветување на креирањето на еден подобар свет, ова е главната порака што ја упатуваат претставниците на најголемите светски религиски заедници кои учествуваат на Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог што под мотото „Придонес на религијата и културата за мирот“ се одржува во Охрид во градот кој со 365-те цркви го нарекуваат „втор Ерусалим“ и колевка на културата. Премиерот Никола Груевски порача дека претставниците на различните религии не се тука за да си преповедаат едни на други, туку се тука за да разговараат и да видат каква заедничка основа имаат меѓусебе. На религискиот собир во Охрид учестуваат околу 200 високите претставници на сите религии од околу 40-тина земји во светот:

„Политиката го достигнува можното, но верата може да го направи невозможното. Односно верските лидери треба да имаат централна улога во обезбедувањето и потикнувањето на доброто.“

„Токму луѓето од ова поднебје се тие што со својот пример на добра воља ќе придонесат нивниот меѓуверски дијалог и толеранција да послужат како пример во регионот и пошироко.“


порачаа поглаварот на МПЦ Архиепискот Охридски и Македонски г.г Стефан и и претседателот на Исламската верска заедница Фаџисулејман Реџепи. Деновиве во Охрид на светската меѓурелигиска конференција претставниците на сите вери, политичарите и другите учесници дебатираат на темите, религијата и образованието, придонесот на заеничките култури и религии за иднината на човештвото, а во билатералните средби не одминливи се и „жешките прашања“ во односите меѓу верските заедници.
XS
SM
MD
LG