Достапни линкови

Ерусалим: Средба Олмерт-Абас за усогласување на заедничкиот мировен договор


Израелскиот премиер Ехуд Олмерт и палестинскиот претседател Махмуд Абас ќе се состанат денеска во Ерусалим во уште еден обид да усогласат нацрт заеднички мировен договор. Овој договор би требало да биде презентиран на мировната конференција за Блискиот Исток, планирана за до крајот на годинава, на иницијатива на Соединетите Држави. Олмерт и Абас ќе имаат одвоени средби и со американскиот советник за национална безбедност Стивен Хедли.
XS
SM
MD
LG