Достапни линкови

Потребна е политичка воља и консензус за да се „менаџира“ безбедносната ситуација, велат експертите


За да се избегнат инцидентите како завчерашниот во кој загина еден полицаец не се доволни само зголемениот број на патроли од македонската и косовоската страна на границата велат дел од безбедносните екпсерти. Клучна е оценува аналитичарот Назми Малики политичката стабилност. Кризата и недоразбирањата меѓу партиите кои што владеат веќе извесен период според Малиќи создаваат можности некои групи да предизвикуваат инциденти. Решението со кое ќе се избегнат нападите, посочува тој, е во политичарите:

„Нивното е навреме да ги проценат приликите, да го развиваат дијалогот и да не оставаат празнини во имлементација на безбедносниот систем. Генералната оценка, може да се ориентира во неодговорноста на политичките субјекти да ги разберат добро безбедносните прилики.“

На слично место факторот за стабилност го лоцира и професорот по разузнавање Стефан Буџаковски. Според него регионов ќе биде мирен само доколку има полтичка воља за тоа:

„Треба со политички консензус, поврзување на политиката со оние кои што го дестабилизираат или се под нивна контрола, да можеме овој регион да го стабилизираме. Доколку овој принцип не проработи ние и понатаму ќе имаме проблеми. Може да се отвори прашање, да речеме во Парламентот да се донесе декларација, која би била прифатена и од косовската страна до решавање на статусот на Косово, до решавање на спорот со границата итн.“

За припадниците на полицијата додава Буџаковски не преставува проблем со употреба на сила да ги остранат униформираните лица:

„Полицијата не е проблем да реши вакви случаи на присуство на униформирани, вооружени лица итн. и да речеме специјалните единици може да реагираат, но без политичка воља ќе имаме проблеми.“

Наспроти ваквите мисења на експертите кои сугерираат на политички консензус синоќа на итната собраниска седница на која се расправаше за инцидентот во близина на Танушевци пратениците не ги усвоија заклучоците предложени од неколку пратеници од опозицијата. Мегу деветте заклучоци се бараше токму партиски конесензус за стратешките приоритети на земјата. На истата седница министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска соопшти дека според досегашните сознанија можно е зад нападот во Танушевци да стои шверцерско криминална група.
XS
SM
MD
LG