Достапни линкови

Решението меѓу правните процедури и смирување на емоциите преку прагматичен начин, велат експертите


По одлуката на Уставниот суд со која се ограничува употребата на знамињата на припадниците на заедниците и најавите од градоначалниците дека нема да ја почитуваат, иако таа е конечна експертите укажуват дека ќе следат санкции и тоа прекршочни, кривични, како и политичка одговорност:

„Можеме да зборуваме за политички санкции, потоа евентуално кривична-правна одговорност и тогаш треба да се види одреденото дејствие, однесување на конкретните лица. Што значи ако има такви елементи евентуално би дошло во прашање пречекорување на овластувањата или злоупотреба на службената положба.“

Изјави Осман Кадриу професор по Уставно право на факултетот за општествени науки. Во 1997 година по усвојувањето на тогашниот закон за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија во Гостивар се случи интервенција на полицијата за симнување на знамињата која беше легализирана со законот. Во гостиварските настани загинаа неколку лица, а десетици беа повредени. Аналитичарите оценуваат дека не е можно на Македонија да и се случи реприза на овие настани, бидејќи таков настап на државните органи нема да биде разбран добро ниту во земјава, ниту тоа би било добра порака до мегународната заедница. Професорт Владо Поповски кој е беше вклучен во подготовката на Уставот на самостојна Македонија и кој е еден од советниците во владиниот кабинет вели дека превземање на таква мерка би значела дестабилизација на земјава. Тој укажува зошто не треба да се направи таков чекор:

„Од 1997 година досега, безбедноста и стабилноста на Македонија во голема мерка е ослабната бидејќи во меѓупериодот се случи 2001-та година, второ има активно кризно жариште – Косовскиот проблем, потоа ги имаме инцидентите кои што се случуваат во Македонија и сеуште пречки на воспоставување на дијалог, почит меѓу политичките партии во Македонија.“

Некои експерти сепак сметаат дека несаканите ситуации може да се избегнат со правни решенија:

„По мое мислење Парламентот не е лишен во правото повторно да го разгледа законот во целина.“

Вели професорот Кадриу. Но Поповски со поинаков став:

„Не помага правната вештина за да се смират реални емоции и реални проблеми. Тие мора да се смируваат на прагматичен начин, неможете вие да дискутирате на пример ако ви се дестабилизира државата да сметате дека можете со научен симпозиум да ја решите кризата.“
XS
SM
MD
LG