Достапни линкови

Косовската полиција нема информации дека напаѓачите влегле од Косово


Нема нови информации во врска со нападот во кој вчера во Танушевци загина еден полицаец а двајца се повредени велат од министертвот за внатрешни работи

„Официјално МВР сеуште ниту осомничени лица, ниту пак ги знае мотивите за евентуалниот напад на полициската патрола во реонот на караулата Кодра Фура.“

вели портапаролот Иво Котевски и додава дека и денеска е зголемено пруисуството на полицијата во областа во која се сличи инцдентот. Тој твдри дека со полно вооружавање и опрема контролата во пограничниот регион е засилена веке извесен период:

„Контролата на границата будно се следи, безбедносната состојба во делот на северната граница кон Косово. Во текот на вчерашниот ден беа испратени дополнителни сили од специјалните полициски единици кои што би требале да вршат засилено обезбедување на теренот.“

Без ралика на вчерашниот инцидент силите на КФОР и на косоваската полиција засилено патролираат во регионот тврди и портпаролот на косовската полиција Ветон Елшани:

„Ние веќе ја засиливме таа зона и патролирањето таму. Ги повикавме и силите на КФОР. Полицијата и КФОР се секогаш таму и ние веќе имаме оперативни планови затоа што во тек е решавањето на идниот статус на Косово, а ни престојат и избори. На наша страна се е мирно и не сме забележале ништо сомнително во близина на границата.“

вели Елшани и додава дека по вчерашниот инцидентот тие испратиле дополнителни единици кои и денес се таму, но не забележале никакви придвижувања.Тој не можеше да ги потврди информациите со кои вчера излезе македонската полиција според која постоеле сознанија дека е можно напаѓачите да влегле од Косово. За разлика од Котевски кој тврди дека веднаш ги информирале нивните косовките колеги за инцидентетот, Елшани вели:

„Ние не сме слушнале ништо официјално за тоа.Она што го слушаме од медиумите e дека тие дошле од косовската или прешевска страна ама сепак тоа е нешто што неофицијално го слушаме.“

вели Елашани. И двајцата портпароли велат дека институциите имаат добра соработка во размената на информациите.
XS
SM
MD
LG