Достапни линкови

logo-print

Скопје: Собранието не ги усвои заклучоците во рамки на расправата за Танушевци


Собранието на Република Македонија доцна синоќа со 16 гласа „за“ и 47 „против“ не ги усвои предложените заклучоци од неколку опозициски пратеници во рамките на 77-та итна седница, на која по барање на пратеничката група на СДСМ се расправаше за завчерашните настани во Танушевци и нивните можни рефлексии по безбедносната состојба во Република Македонија. Пратенците од редовите на СДСМ и ЛДП предложија девет заклучоци во кои побараа Собранието да изрази жалење и загриженост за последниот оружен инцидент и да побара од Владата да преземе итни активности за негово целосно расчистување. Меѓу другото, тие побараа и политичка одговорност од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, како и Собранието да му препорача на Советот за национална безбедност да одржи седница на која ќе се анализира актуелната безбедносна ситуација и ќе се усвојат препораки за идните активности.
XS
SM
MD
LG