Достапни линкови

Градоначалниците во општините каде мнозинството се Албанци велат дека нема да ја почитуваат одлуката


По одлуката на Уставниот суд со која се ограничува употребата на знамињата на припадниците на заедниците, градоначалниците од општините каде мнозинството се Албанци реагираат и велат дека одлуката нема да ја почитуваат. Според нив станува збор за политичка одлука, а за понатамошните активности укажуваат дека ќе следат одлуки и од највисоките партиски органи

„Не само што општините нема да ја почитуваат, туку населението нема да ја почитува. Оваа одлука не е да се употребува државното знаме, туку да не се употребува, бидејќи фактички со оваа одлука мислам дека во ниту една општина мислам дека повеќе нема да се истакнува државното знаме,“

изјави Музафер Бислими градоначалник на општината Арачиново кој е од ДУИ.

И градоначалникот на општина Желино Кенан Алиу кој е од редовите на ПДП партија која е дел од владеачката коалиција вели

„Мислам дека ова е голема заблуда и бидејќи одлуката се носи во една непотребна клима, сметам дека на јарболот пред општинската зграда Желино знамето на етничката заедница на Албанците, покрај знамето на Република Македонија ќе се вее и натаму.“

Во случај на непочитување на одлуката ке следат санкции

„Евентуалната употреба, ако се прекрши одлуката, тоа се прекршоци, а не и кривични дела во смисол на непочитување на судската одлука,“

изјави Махмут Јусуфи член на Уставниот суд

Алиу вели дека иако ке има санкции ако не се почитува одлуката, не гледа проблем и додава

„Не е проблемот кај народот, туку кај политиката.“

Имајки предвид дека непочитувањето на одлуката ке значи и спроведување на санкции, бидејки одлуките на Уставниот суд се конечни, Бислими вели

„Нека мислат тоа од владата, ние за тоа нема воопшто да се грижиме.“

Јусуфи информира во кои случаи е ограничена употребата на знамињата на припадниците на заедниците

„Се ограничува користењето и тоа не може да се оствари во државните институции, додека може да се употребува во локалните установи на локалната самоуправа. Не може секојдневна употреба. Кога претседателот или странски делегации доаѓаат во локалната самоуправа, во тој контекст е интервенцијата на Уставниот суд.“
XS
SM
MD
LG