Достапни линкови

logo-print

Нордвик: Продолжува состанокот на министрите за одбрана на НАТО


Во Нордвик денеска продолжува состанокот на министрите за одбрана на Нато во чии рамки е предвидена средба со рускиот министер Анатолиј Сердјуков. Двете страни треба да разговараат за разликите околу Косово и инсталирањето на американскиот ракетен штит во Средна Европа. Генералниот секретар Јап де Хоп Схефер на маргините на состанокот изјави дека Нато за секој случај ќе ги задржи своите 16 илјади војници на Косово. Агенциите јавуваат дека тензиите на Косово растат, додека меѓународните посредници очекуваат оти преговорите за стстусот меѓу Белград и Приштина ќе завршат на 10 декември. НАТО вчера во Нордвик инаку постигна прогрес во договорот за зголемување на капацитетите во Авганистан.
XS
SM
MD
LG