Достапни линкови

Обид за спречување на турските напади во Северен Ирак


Ирачка делегација предводена од министерот за одбрана Абдел Кадер Јасин денеска во Анкара во обид да ги спречи турските напади против курдските бунтовници во Северен Ирак. Посетата доага по вчерашните воздушни напади врз позициите на ПКК по должината на ирачката граница и препораката на турскиот Совет за Национална безбедност со економски мерки да го принуди Ирак на соработка против бунтовниците.

Турција натрупа сили на границата со Ирак готвејки се за можна интервенција на ирачка територија против курдските бунтовници на ПКК. Турција има армија од пола милион луѓе екипирана според стандардите на НАТО, а Курдската работничка Партија брои околу 6 илјади лесно вооружени борци. Турција е, велат како мечка а ПКК како мало но брзо куче. Прашањето е како силната мечката може ефективно да дејствува на тешкиот планински терен. Меѓународниот воен консултант Александра Ашбоурн за Радио Слободна Европа изјави дека би било тешко за турската армија на пограничниот терен.

„Ако има конфликт, ке биде според герилските услови, иако има огромна разлика меѓу капацитетите на турската армија и ПКК.“

Александра Ашбоурн наведува дека тешко дека ќе може Турција да ја искористи предноста на модерните германски и американски тенкови на најдобар начин. Борците на ПКК ќе ја одбегнат директната борба а тие и покрај слабата опременост се на свој терен, добро тренирани и дисциплинирани. Турците ја имаат и воздушната предност, но според воените аналитичари, ке се соочат со слични проблеми како коалиционите сили во Авганистан. Ирачката влада од друга страна се обидува да го спречи конфликтот поради стравот дека тој би можел да ја дестабилизира и земјата и регионот. Ирачка делегација предводена од министерот за одбрана Абдел Кадер Јасин денеска престојува во Анкара. Шефот на ирачката дипломатија Хошиар Зебари, кој е етнички курд, вети дека Багдад ќе и асистира на Анкара во врска со проблемот со ПКК.

„Ние нема да и дозволиме на ни една партија или група вклучително и ПКК да ги нарушува нашите билатерални односи. Ние активно ке помогнеме.“

Зебари сепак не даде детали за каква помош од страна на централната ирачка власт ке стане збор. Анализите велат дека би било полесно доколку ирачката армија се соочи со ПКК на планинскиот терен отколку турците да влезат на ирачка територија.
XS
SM
MD
LG