Достапни линкови

Оптимизам за перспективите на американско – руските односи


Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс изрази оптимизам за перспективите на американско руските односи и за очекувањата од развојот на демократијата во Русија. Гејтс ова мегу другото, го изјави во интервјуто за Слободна Европа за време на престојот во Прага.

Русија е американски стартегиски партнер и покрај извесните разлики изјави Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс, велејки дека Москва не се откажала од намерата демократијата да фати корени на руска почва. Во интервјуто за Слободна Европа тој изјави дека и покрај реториката, Москва досега нема превземено ни одлука ни неразумна специфична акција. Гејтс го отфрли мислењата дека тензиите околу Иран, Косово и разместувањето на ракетниот штит во Средна Европа, како и други прашања ги водат Вашингтон и Москва кон нова студена војна

„Тоа беше различен свет. И иако имаше силна реторика, реалноста е дека постојат подрчја во кои можеме да соработуваме и во кои соработуваме. Ние немаме глобален натпревар или глобален конфликт или насочени ракети поради што луѓето би биле загрижени. Ова е друг свет.“

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс вели дека не е загрижен ни поради напорите на Москва да креира алтарнативни сојузи на НАТО, како Шангајската организација или Организацијата за колективен безбедносен договор. Русија има долга историја на автоктратија, и затоа Роберт Гејтс смета дека треба да се биде трпелив околу прогресот на демократските реформи во земјата.

„Потребно е време за изградба на демократски институции. Одржувањето избори не значи демократија. Институциите мора да созреват. Вие гледате во земја во која илјада години немало демократија. Според мене, ние треба да го подржиме развојот на слободата во Русија и да разбереме дека треба време.“
XS
SM
MD
LG