Достапни линкови

logo-print

Загина еден полицаец, двајца се ранети


Во нападот од заседа што се случил на македонската северна граница во делот кон Косово нападната е мешана патрола на граничната полиција која се движела кон селата Брест и Малино кај месноста Друм, при што како резултат на нападот теренското возило излетало од патот. Во инцидентот загина еден полицаец, а останатите двјаца од патролата се повредени и се во Клиничкиот центар во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. По инцидентот на терен е испратена екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје, јавен обвинител и истражен судија кои веднаш започнаа со истрага. Во врска со информациите дека групата која ја нападнала полициската патрола е дојдена однадвор поточно од околината на Прешево портапролот на МВР Иво Котевски вели:

„Се прибираат сознанија и информации за идентификување на лицата, членовите на вооружената група и нивните мотиви. Така што, во моментов не би можеле да ја лоцираме групата, мотивите, и дали има поддршка на македонска територија или пак има поддршка од косовска страна.“
И портпаролот на косовската полиција Ветон Елшани информира дека не знаат која е групата, односно дали е од Косово

„Она што можам да го кажам или да го потврдам е дека добивме информација од македонската полиција дека имало инцидент, но други детали немаме. Друго што можеме да кажеме е дека од оваа страна на границата е мирно. “
Џезаир Шакири поранешен пратеник од регионот каде случи инцидентот и командант на поранешна ОНА познат како Хоџа вели:

„Во Танушевци ништо нема, ние не сме вмешани. Ова го демантираме. Ние не сме за вакви акции, во класична заседа, никогаш со тоа не сме се занимавале и сме против тоа да загинат невини луѓе посебно онака како што е ситуацијата во Танушевци веќе неколку месеци, со граничната полиција, со многу полицајци, селаните и ние имавме многу добри односи и нема жалење.“
XS
SM
MD
LG