Достапни линкови

Москва: Русија смета дека мора да се изработи заеднички компромисен став за Косово со ЕУ


Москва смета дека е неопходно заедно со Европската унија да се изработи заеднички компромисен пристап за косовскиот проблем, изјави денеска Сергеј Јастржембски, специјален претставник на претседателот Владимир Путин за односи со Унијата. Тој оцени дека нема основа да се брза со решавање на косовското прашање и изрази уверување дека прашањето за статусот на Косово ќе биде разгледано на состанокот Русија, Европска Унија што ќе се одржи на задутре во Португалија.
XS
SM
MD
LG