Достапни линкови

Нордвик: Состанок на министрите за надворешни работи на НАТО


Во холандскиот град Нордвик денеска почнува дводневен состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО. На собирот што ќе го отвори генералниот секретар на Алијансата Јап де Хоп Шефер ќе се разговара за напорите за воспоставување безбедност и демократијата во Авганистан, како и за Косово. Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс деновиве побара од Алијансата да ги задржи трупите на Косово и по завршувањето на разговорите за идниот статус на десети декември. На состанокот ќе учествува и македонскиот министер за одбрана Лазар Еленовски.
XS
SM
MD
LG