Достапни линкови

Судирите меѓу македонските албански партии ДПА и ДУИ и се закануваат на политичката стабилност


Продолжувањето на конфликтот меѓу македонските албански партии во владејачката коалиција, ДПА и ПДП и опозиционата ДУИ се заканува да ја поткопа политичката стабилност во земјата. Ова е еден од заклучоците во написот објавен во американскиот Џејнс Форин Рипорт, во кој се додава дека неодамнешите инциденти во Собранието на Македонија ги намалува шансите на земјата во евроатланските интеграции и претставуваат можност за прелавање на нестабилноста од соседното Косово.

,,Еднаш ако навредиш албанец, тој нема да спие се додека не ти се одмазди,, вели за Џејнс Форин Рипорт еден дипломат кој ја познава Балканската приказна, во обид да ги објасни тепачките меѓу пратениците албанци во македонското собрание што се случија на дваесет и петти септември. Тие потоа, како што се наведува, се прошириле во конфронтација и на улиците што пак резултираше со осуда од меѓународната заедница, се наведува во написот во кој се додава, цитираме:,,Гордоста секако е централна точка во сегашните караници меѓу трите албански партии. Тензиите пораснаа кога ДПА која идеолошки е поблиска со владејачката ВМРО ДПМНЕ стана дел од владата и покрај тоа што ДУИ доби мнозинство меѓу албанците и бараше таа да биде дел од власта. Неодамнешното насилство во парламентот дојде поради изборниот законик со кој се предлагаат десет екстра места во Собранието за членови на неалбанските етнички малцинства, односно србите, власите, ромите, како и пратеници од дијаспората. Таквите промени, според ДУИ, не можат да бидат напаравени без согласност на таа партија. ,,Албанците покажаа дека несогласувањето меѓу нив е многу поголемо од она што можевме да го претпоставиме,, вели неименуван дипломат за Џејнс Форин Рипорт, додавајќи:,,Бевме предупредени за некои инциденти на теренот, особено откако ДПА наименува шефови на полициските станици во општините кои се управувани од ДУИ. Но, колективната тепачка што се случи во парламентот ни покажа колку ситуацијата е сериозна и оти ќе биде многу тешко да се постигне соработка меѓу нив,,. Сега е формирана Анкетна комисија која треба да ја утврди одговорноста за собраниските инциденти кои по се изгледа се последица од недостигот на зрел политички дијалог во Македонија. Немањето дијалог се рефлектира и во неслогата меѓу владата и претседателот, меѓу владата и опозицијата во целост и од време на време дури и меѓу партиите во владејачката коалиција. Судирите провоцираа критики од Бритисел и од Вашингтон пред двете најважни одлуки што треба да бидат донесени во врска со иднината на Македонија. Европската комисија во ноември треба да го објави извештајот за напредокот на земјата кон Европската Унија, а во април Македонија се надева да добие покана за членство во НАТО, пишува Џејнс Форин Рипорт.
XS
SM
MD
LG