Достапни линкови

Експертите очекуваат критички забелешки за развојот на Македонија годинава


За разлика од некои оценки на европските претставници и воопшто информациите во јавноста дека Македонија ја губи поддршката на патот кон евроатлантската интеграција од владата велат дека нема причина за тоа и дека интензивно се работи на спроведување на европската агенда

„Доколку се квантифицираат бројките, посебно околу бројот на усвоени закони поврзани со евро атлантските интеграции, кога станува збор за начинот на којшто владата ги менаџира процесите за приближување кон европското законодавство и кон усвојување на европските норми во Македонија, до сега немало поуспешна влада,“

изјави владиниот портпарол Ивица Боцевски.

Претседателот на Европското движење Димитар Мирчев вели дека не може да се поедноставуваат работите

„Мислам дека е многу преурането и многу поедноставено сега да се утврди дека сме во некој пад на поддршката или дека опаѓа поддршката.“

Како причина за губење на поддршката се посочува немањето продуктивен дијалог во земјава, забелешки за спроведување на реформите во правосудството, а владиниот портарол Боцевски пак вели

„И натаму за Владата на Република Македонија клучни остануваат процесите на европска и евро атлантска интеграција. Македонија ќе сака своето интегрирање кон ЕУ да го гради токму на точките кои се препознатливи на европските земји. Тоа е економијата, демократијата, борбата против корупцијата и обидот за интеграција на сите во едно плурално општество.“

Меѓудругото како можен проблем се спомнува и прашањето за спротот со Грција за уставното име, Мирчев вели дека тоа не може да биде проблем во процесот на евроинтегрирање.

„За сега ниту мислам дека во моментов, годинава па и догодина не е релевантен тој фактор, затоа што ние со нашата агенда и агендата на ЕУ за прием ќе бидеме актуелни некаде на почетокот на наредната декада на овој век.“

Но Мирчев смета дека земјава во претстојниот извештај од Европската Унија нема да добие некоја позитивна оценка

„Јас мислам дека ќе содржи доста критички забелешки за нашиот развој годинава.“
XS
SM
MD
LG