Достапни линкови

Граѓаните не знаат што празнуваат


„Знаете ли што се прославува денеска? Кое е точното име на празникот?“
„Не, најискрено не знам што точно се слави.“
„Јас не знам, не знам зошто е неработен, кој празник е и што значи.“


Ова е одговорот што го даваат повекето грагани на прaшањето кој државен празник се прославува денеска. Некои пак се обидуваат да го погодат точното име

„Колку се сеќавам јас, дека беше 23-ти Ден на револуционерната организација за ослободување на Македонија.“
„Ден на ВМРО.“
„Празник на ВМРО така го викаат.“


Ден на македонската револуционерна борба е името на празникот за кој собранието по предлог на владата одлучи да биде државен. Прв пат од оваа година се прославува денот на кој според историчарите во 1893 година во Солун се формирала Македонската револуцинерна организација. Но, граѓаните велат треба да помине подлго време за да го почуствуваат и прославуваат овој празник.

„Дури не помине можеби и деценија, тогаш дури ќе дојдеме на право место.“
„Барем година, година и пол. Требаше власта да причека, да видат.“


Некои пак сметаат дека државата требала да спроведе кампања за едуцурање на населението пред да го прогласи 23 октомври за државен празник

„Па, требаше можеби еден период пред ова да се каже што е и како е.“
„Требаше малку повеќе да се кажеше за празникот во очи на празникот.“


Измените на зконот за државни празници пратенците го донесоа пред осум месеци. Во парламентарнмта расправа опозцинерите најмногу го оспоруваа денешниот ден тврдејки дека тоа е пратскиот роденеден на ВМРО ДПМНЕ. Од годинава се доделува и државна награда.
XS
SM
MD
LG