Достапни линкови

Најдобро решение е надгледувана независност


Статусот на Косово треба да биде решен во согласност на волјата на мнозинското население и врз основа на планот на Марти Ахтисари за надгледувана независност. Ова е ставот на претставниците на бошњачката, турската и ромската заедница во Собранието на Косово. Според нив, сегашната ситуација е неодржлива, бидејќи не овозможува никаков напредок на Косово, но и на регионот.

Најдобро решение за статусот на Косово е надгледувана независност со сите гаранци на припадниците на малцинските заедници, велат од тамошните таканречени несрпски заедници. Џезаир Мурати од бошњачката коалиција Вакат наведува дека за неговата заедница моменталната состојба е неодржлива:

„Мислиме дека најдобро решние е она со кое ќе биде задоволно мнозинското население. Апсолутно поддржуваме некаков вид државност на Косово во смисла тоа да биде самостојно во на пример Меѓународниот монетарен фонд за да ја покрене оваа мртва економија.“

Махир Јагџилар, претставник на турската заедница пак, смета дека планот на Марти Ахтисари за надгледувана независност е најдоброто решение, бидејќи, поради спротивставените ставови на Белград и на Приштина скоро е невозможно да се дојде до договор.

„Се очекува, врз основа на планот на Ахтисари,
Косово да стане држава и да добие надгледувана независност. Веруваме дека тој план ќе донесе стабилност на Косово и во регионот.“


Претставникот на ромите во косовскиот парламент Зуљфи Мерџа смета дека, доколку не биде постигнато договорено решение, тогаш Собранието на Косово ќе донесе одлука за статусот.

„Статусот треба да се реши до десетти декември. Ако до тогаш меѓународната тројка не се договори, тогаш парламентот ќе прогласи независност.“

Според неофицијалните податоци на Косово живеат околу пеесет илади бошњаци, четириесет илјади турци и повеќе од триесет илјади роми. Нивните политички партии имаат десет резервирани места во Собранието кои се распоредуваат врз основа на добиените гласови. Едно министерско место во владата е резевирано за несрпските малцинства. Од претстојните локални и парламентарни избори што ќе содржат на седумнаесетти ноември тие очекуваат да добијат задоволителна застапеност во општините во кои живеат, но и на централно ниво, а со тоа и поголем простор за своите права и интереси. Во секој случај, претставниците на бошњачката, турската и ромската заедница очекуваат меѓународниот фактор да биде присутен на Косово и по решнието на статусот. Тоа, според нив, е потребно поради специфичноста на ситуацијата во која живеаат припадниците на несрпските малцинства.

„Во таа смисла мислам дека меѓународната заедница посебно ќе поведе сметка за нас со оглед на тоа што ние немаме ни матична држава, ни меѓународно лоби.“

Вели Џезаир Мурати од бошњачката коалиција Вакат.
XS
SM
MD
LG