Достапни линкови

Градоначалникот предупредува на можен колапс на општинскиот буџет


Општината Дебар која влезе во втората фаза на децентрализацијата се соочува со големи финансиски проблеми, поради пренесените надлежности во сферата на образованието. Советот на општина Дебар и нејзиниот градоначалник сметаат дека пренесените надлежности, барем во овој прв степен од втората фаза на децентрализацијата може да доведат до колапс на локалниот буџет. Градоначалникот на Дебар, Аргатин Фида вели дека и покрај ребалансот, локалниот буџет е мошне оптеретен:

„Испадна дека со втората фаза од децентрализацијата, државата сака да се растерети од доста свои давачки, при пензионирање или при случаи на смрт на членови на фамилија на наставниците, теретот за една или две плати, по закон кои следуваат, нема да се дели од буџетот на Министерствата, како дотации, туку за тој дел средства треба да делат општините од свој буџет. Без зголемување на ДДВ и персоналниот данок.“

Според него, додатните часови по англиски јазик и физичко воспитување, но и покачените плати во образованието исто така се предвидени во буџетот, што ќе создадат дополнителни проблеми:

„При нашите обработувања на буџетот, средствата кои се предвидени не се доволни не само за плати.“

Градоначалникот на Дебар исто така смета дека барањата на ЗЕЛС треба да бидат прифатени од владата на Македонија, во спротивно ќе има проблеми во остварување на буџетите:

„Сите градоначалници се едногласни, ако ние ги почитуваме овие одлуки, тие ќе ги парализираат сите буџети на општини. И целата работа за конслодидрање на општинските буџети ќе одат во вода.“
XS
SM
MD
LG