Достапни линкови

Џорџо Радикати, амбасадор на ОБСЕ во Македонија. Најважно е грешките да не се повторуваат


Г-не амбасадоре, во последниот извештај на ОБСЕ за Косово стои информацијата дека постојат паралелни нелегални структури на југот и на во северниот дел на покраината. Имаше неколку информации за постоење терoристички кампови и неконтролирани терористички групи во земјва. Како вие ја оценувате безбедносната состојба во Македонија и има ли опасност од дестабилизација на земјата?

Најпрвин морам да кажам дека нашиот мандат е ограничен на Македонија, така што не сме во можност да имаме точен увид во ситуацијата на Косово, но имајќи ја предвид генералната безбедносна сосотојба во земјата, можам да кажам дека нашите набљудувачи не гледаат закана за дестабилизацијата на земјата, нешто што би можело да ја засегне националната безбедност. Во исто време би сакал да нагласам дека однесувањето на вашата Влада до сега е многу конструктивно и избалансирано во оценките, така што ние веруваме дека безбедносната сосотјба ќе остане стабилна без никакви специфични потреси за земјата.
Значи, ќе повторам, според нашите информации нема вакви проблеми во Македонија, не знам дали на Косово постојат навистина вакви опасности, можеби нашата мисија во Приштина би можела повеќе од мене да иодговори на ова.

Имавме и неколку инциденти за кои власта рече дека станува збор за криминални пресметки, загина и припадник на полицијата. Во која мерка тие можат да ја дестабилизираат земјава, во каков контекст вие гледате на нив?

Што се однесува до ова мислам дека е најважно да се направи разлика меѓу овие криминални акти и акти кои би можеле да ја стават опасност националната безбедносна состојба. Што се однеува до она што ме прашавте, јас би го дефинирал тој настан како криминален чин кој е во рамките на полициските компетенции. И затоа јас сум потполно убеден дека полицијата е целосно способна да се справи со овие настани. Како што знаете една од целите на нашата мисија е да работи со македонската полиција и направен е голем напредок во тоа , така што јас сум потполно убеден дека полицијата е целосно способна да се справи со овој, јас ќе повторам , криминален акт.

ОБСЕ инсистираше на што поскоро расветлување на инцидентите кои се случија во и околу собранието. Од друга страна и меѓународните претставници во земјава побараа од вашата организација да работи на што поскоро расветлување на овие настани. Па, што прави ОБСЕ околу ова? Како гледате на ангажманот на надлежните институции да дадат појасна слика за тоа што се случи во Собранието на 25 септрември особено што тоа од нас го побара и Брисел?

Инцидентите во парламентот се разбира дека иритираат, но во исто време треба да гледаме на тоа како на дел од политичката игра. Понекогаш се случува можеби и непочитување на правилата но многу поважно е да се продолжи по вистинскиот пат. Откако се случија овие инциденти ОБСЕ заедно со меѓународната заедница упатија апел до политичките фактори во земјава дека мора да се направи нешто во обид да се развбере што се случило навистина и доколку се лоцира одговорноста, мора да бидат казнети тие луѓе кои ги прекршија правилата. И тоа не се случува само во оваа земја, секаде може да се случи и секаде политичките сили се обидуваат да го надминат проблемот преку истрага. Сега, колку што знам комисијата започна со својата работа, парламентарците ќе бидат прашани да одговорат што виделе и ние очекуваме добри резултати од оваа комисија. Мислам дека ние како организација која води грижа за оваа земја и се обидува да и помогне да го направи вистинскиот избор, ги дадовме вистинските сугестии – да се формира собраниска комисија, да се работи на тоа и да се претстават резултатите јавно, пред сите. Има и еден друг дел од овој настан. А тоа е претепувањето на новинарот на влезот од Тетово, Од моментот кога се случи овој настан, министерот суспендираше тројца полицајци и казни четворица покажувајќи волја да биде крајно цврст во спречувањето на ваквото однесување од страна на полицијата. Јас сум сигурен дека овој пример ќе биде корисен за следните чекори.

Од Брисел добивме остри критики во врска со овие настани. Како последните настани на политичката сцена навистина, според вас ќе влијаат на евроинтеграциите на Македонија?

Ние знаеме дека во Брисел се гледа со се поголемо вбнимение на она што се случува во земјата, затоа што членството во ЕУ и НАТО се можеби двете најважни цели на Владата, но истовремено ние знаеме дека постојат стандарди за да се достигне членството. А настаните во собранието покажаа можеби нешто што не е во согласност со стандардите кои се следат во Брисел. Но како што ви кажав, вие можете да направите грешка еднаш, но најважната работа е да не се повтрои истата грешка, така што јас верувам дека Владата разбра целосно што треба да преземе и што треба да следи.

Со оглед на тоа што имавме деветмесечна расправа околу Судскиот совет а се најавуваат и можни проблеми околу имплементацијата на законот за полицијата како ја гледате Македонија во поглед на подготвеноста да ги спроведе реформите кои од неа се бараат и кои се неопходен услов за нашето приближување кон НАТО и ЕУ?

Реформите се најважни за иднината на оваа земја, и мислам дека ако погледнеме наназад неколку години па се до сега, можеме да видиме дека многу од реформите на многу полиња и по многу прашања од економскиот и социјалниот живот на оваа земја, се импементирани. Се разбира останува уште многу што треба да биде имплементирано. Едно е судскиот совет. Но до сега се избрани 14
членови така што телото може да работи , се разбира чекаме да биде избран и последниот , петнаесеттиот член, и можеби во наредните денови ќе се случи и тоа. Што се донесува до полициските реформи, ние сеуште чекаме да се спроведат целосно. Има уште многу работи што треба да се направат заедно со нашата и со другите меѓународни организации затоа што полицијата и судството се можеби најважните фактори на стабилноста на оваа земја. Затоа што полицијата влијае на безбедноста на граѓаните, таа не може да импровизира, мора да се работи чекор по чекор, преку тренинзи со цел на подолг рок да се има добра полиција која ќе и ја обезбедува на земјата сигурноста која и е потребна. Затоа, да почекаме малку и да имаме верба и околу ова прашање.

Македонија со голема извесност се надева на покана за членство во НАТО на наредниот самит на Алијансата во 2008-та година. Какви се вашите очекувања?

Мислам дека НАТО е нешто што може да се постигне за кусо време. Можеби следната година. Но се разбира последниот збор ќе го кажат членките на комитетот на НАТО. НАТО работи врз основа на консензус така што тоа зависи од нив. Но имајќи ги предвид последните настани како и изјавите на министерот за надворешни работи и на минстерот за одбрана како и членови на важни странски институции, се упатува на тоа дека на оваа земја ќе и се даде шанса да стане членка на НАТО следната година. Јас држам среќа.

Имаме многу проблеми на политички план. Лоша кохабитација, власт-опозиција. Што е тоа што ги зголемува политичките тензии во земјава? Каде е изворот на проблемите? Ккао гледате вие на тоа со оглед на тоа што власта и опозицијата постојано го обвинуваат другиот дека е виновник за се?

Mислам дека односот меѓу власта и опозицијата е нешто што мора да се набљудува многу внимателно. Од изборите минатата година, сведоци сме на ривалство меѓу власта и опозицијата , имаше неколку обиди да се постигне напредок како и неуспешни обиди да се надминат недоразбирањата. ДУИ излезе од парламентот. Дијалогот меѓу ДУИ и Владата почна и се псотигна договор во мај, сега ДУИ бара нешто повеќе во смисла на реформи. Двете страни, и власта и опозицијата мора да најдат начин да постигнат компромис по многу прашања но тоа мора да биде взаемно. Тие мора да си веруваат повеќе меѓусебно и да започнат еден многу поконструктивен дијалог.

Како гледате на измените на изборниот законик кои ги предложи владата?

Во принцип мислам дека да им се дадат повеќе права на сите малцинства во земјата е добро. Но истовремено, не е јасно дали во оваа насока се потребни прилагодувања на изборниот законик или не. На пр, во многу земји во Европа има различни начини да се реши овој проблем , како луѓето треба да бидат преставени во парламентот. На пр. во делот на изборната кампања, изборите, компетентна е ОДИХР да ги набљудува. Ова не е поле каде што е компетентна ОДИХР. Таа е многу покомпетентна на полето на финансирањето, како се спроведуваат кампањите, дали резултатите се регуларни или не, но во делот на изборниот законик останува на самата земја да определи како тој ќе биде напишан.
XS
SM
MD
LG