Достапни линкови

Високата цена на нафтата се одразува врз севкупните економски состојби, велат експертите


Македонија мора да почне да се навикнува на високите цени на нафтата, кои деновиве достигнуваат и до рекордни 88 долари по барел бидејќи растот на нафтата на светските берзи е континуиран во изминативе години, предупредуваат експертите:

„Во суштина треба да се навикнеме на таков тренд. Овој тренд не е случаен, не е неочекуван и не е моментален, во светот нема доволно нафта.“

вели експертот Борис Рикаловски. На растот на цената на нафтата влијае и падот на американскиот долар. Доколку пред две години македонија за набавка на нафта издвојуваше 100 милиони долари, за оваа година треба да се издвојат 350 милиони евра за нафта и 200 милиони за енергија. Високата разлика во цена која државава ја издвојувава според експертот Трпе Груевски доволно укажува колку растот на нафтените деривати се одразуваат врз македонската економија.

„Каква е оваа страшна разлика и како ова може да се одрази врз стопанството на Македонија, можете да замислите бидејки тоа уште повеќе ја оптоварува државата со тоа што сите оние кои сакаат да финансиираат во Македонија, знаат дека нема сигурност за набавка на нафта, за гориво за енергија.“

Имајќи го во предвид фактот за побарувачката на нафта на светскиот пазар, како и тоа дека Македонија нема сопствена енергија, односно е зависна од увоз на енергенси, итно мора да се работи на развој на алтернативните видови енергии, предупредуваат експертите:

„Македонија мора да се сврти кон обновливите извори на енергија, а тоа е ветерот, сонцето и биогасот. Затоа што навистина новата техника и технологија на ветерниците обезбедува многу поевтина цена на производство на електрична енергија отколку фосилните горива.“

Цените на нафтените деривати се менуваат на речиси секои две недели во зависност од цената на нафтата на светскиот пазар и движењето на американскиот долар. Во моментов македонските граѓани плакаат 62,50 денари за бензинот од 95 октани, и 55, 50 денари за евродизелот.
XS
SM
MD
LG