Достапни линкови

Зголемени санкции за оние кои пласираат небезбедна храна


Зголемени парични казни ќе плаќаат лицата кои ќе бидат затекнати како произведуваат или пласираат прехрамбени производи штетни по здравјето на потрошувачите, беше речено на првата меѓународна конференција за безбедна храна што деновиве се одржа во Битола.

До сега, пропишаните парични казни од 80 до 240 илјади денари за произвосдтво и дистрибуција на небезбедна храна се зголемени за уште 20 насто. На овој начин, државата сака да внесе ред во прехрамбената индустрија, рече директорот на дирекцијата за храна Станислава Лазаревска:

„Кај нас прави проблем нешто друго. Храна која неправилно се пласира на пазарот, којашто е пласирана на места коишто не се дозволени за таа примена и остава една лоша слика. “

Фирмите произведувачи на основниот прехрамбен продукт, лебот, се жалат на вистински хаос во овој бизнис:

„Тоа е нешто што најпрво мора да се среди во државата. Се надеваме дека ќе се воведат стандарди, затоа што се судираме со нелојална конкуренција, се носи леб од Прилеп и од други градови, необезбедено во корпи, нехигиенски услови. Но, мора што побрзо да се донесат закони и да се води евиденција, затоа што нелојалната конкуренција ги уништува и тие што работат правилно,“

вели Горан Андоновски од „Жито леб“.
XS
SM
MD
LG