Достапни линкови

logo-print

Љубљана: Денеска претседателски избори во Словенија


Во Словенија денеска се одржуваат претседателски избори на кои треба да биде избран наследникот на актуелниот претседател Јанез Дрновшек. Милион и седумстотини илијади гласачи кои имаат право на глас, треба да изберат еден од седумте кандидати. Според анкетите на јавното мислење најголем фаворит е Лојзе Петерле, поранешен премиер и лидер на демохристијанската партија на Словенија , кого го поддржуваат три конзервативни коалициски партии.
XS
SM
MD
LG