Достапни линкови

Лисабон: Лидерите на ЕУ постигнаа договор за надминување на главните пречки за договорот за реформи


Лидерите на Европската Унија на самитот во Лисабон постигнаа договор околу тоа ккао да се надминат двете главни пречки за усвојување на договорот за реформите на институциите на Унијата согласувајќи се да направат отстапки кон Италија и Полска кои се закануваат дека ќе го блокираат документот. Италија беше пртоив тоа да има помал број европратеници од Франција и велика Британија што би се случило со реформите од 2009 година кои предвидуваат намалување на бројот на пратениците. Полска пак бараше да се постигне компромис кој ќе им овозможува на земјите од ЕУ под одредени услови и на определено време да ги замрзнуваат свопите одлуки.
XS
SM
MD
LG